Курц: Ќе се обидеме да создадеме капацитети за производство на руски и кинески вакцини

Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Австрискиот канцелар Себастијан Курц смета дека Европската агенција за лекови (ЕМА) треба да ги провери и руските и кинеските вакцини и изјави дека самиот ќе биде подготвен да се вакцинира со овие вакцини.

Канцеларот за германскиот весник „Велт ам Зонтаг” истакна дека, откако двете вакцини ќе бидат одобрени, ќе се обиде австриските капацитети да ги направи достапни за производство на руски и кинески вакцини.

– Станува збор за тоа што е можно побрзо да се обезбедат побезбедни вакцини, без разлика кој ги развил – објасни Курц. Тој истакна дека за ова прашање не треба да постојат геополитички табуа.

Канцеларот додаде дека, доколку овие вакцини бидат одобрени, тој ќе биде подготвен да се вакцинира со „Спутник V” или кинеската вакцина.

– Најважното нешто за вакцините е тие да делуваат, да се безбедни и брзо достапни и за нив не е потребна геополитичка борба – подвлече Курц.

За сегашниот недостиг на вакцини во ЕУ, тој ги обвини проблемите со испораката и брзината на одобрување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот