Курц „ифрит“ лут ги критикуваше градоначалниците: Се вакцинирале преку ред

Себастијан Курц стана татко/ Фото: EPA-EFE/MICHAEL GRUBER

Австрискиот канцелар Себастијан Курц е лут поради градоначалниците на повеќе места, кои се вакцинирале против корона вирусот надвор од списокот со приоритети, а вицеканцеларот Вернер Коглер бара реакција од покраините.

Во изминатите неколку дена, медиумите објавија дека, на некои места, како дел од вакцинацијата на корисници во  домови за стари лица исто така, вакцинирани се и локални политичари, вон ред, и се тврди дека некои луѓе плаќале за добивање на  вакцина.

Курц рече дека нема разбирање за градоначалниците кои се имунизирани со „преостанатите дози“ од вакцината, иако сè уште не им е редот.

– Ако некој се вакцинира преку ред, тогаш тоа е морално разочарувачки. Ако останат дози на вакцината, важно е да се дадат брзо. Но, тие треба да им се даваат на постарите луѓе, а не на политичарите, нивните жени и регионални истакнати личности – нагласи тој.

Тој рече дека се потпира на фактот дека секој лекар што ја спроведува вакцинацијата, но пред се секоја одговорна личност на организацијата на самото место, го зема предвид општото добро, а не неговата сопствена предност.

Министерството за здравство, најавува, дека во иднина ќе го интензивира барањето за документација за вакцинација, со цел да се запре злоупотребата и да се спречи некои да се туркаат преку ред.

По седницата на владата, вицеканцеларот Коглер ги повика покраините веднаш да реагираат.

Во провинциите Ворарлберг, Тирол, Корушка, Горна Австрија и Долна Австрија, како и Виена, преостанатите дози на вакцината не им беа дадени на корисници во домови за стари лица, медицински персонал или на граѓани постари од 80 години, туку на политичари, општински службеници и роднини.

Коглер побара таквата практика веднаш да се прекине.

Тој исто така апелираше до гувернерите на провинциите остро да реагираат, како и во врска со можните оставки на градоначалниците.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот