Курц го поддржува тоа што Меркел одбива да направи сојуз со крајната десница

Фото: EPA-EFE/KAMIL ZIHNIOGLU

Австрискиот канцелар Себастијан Курц рече дека ја поддржува германската канцеларка Ангела Меркел, умерено десна политичарка, во нејзиното одбивање на сојуз со крајната десница, иако тој го направи спротивното во својата претходна влада, пренесува „Хина“.

– Мислам дека постојат разлики меѓу германската партија на крајната десница Алтернатива за Германија (АфД) и австриската Партија за слободата (ФПО) – рече конзервативниот челник на Конференцијата за безбедност, оценувајќи дека првата е порадикална од втората.

„Според тоа, мислам дека канцеларката за Христијанско-демократската унија (ЦДУ) ја избра вистинската насока и сметам оти е оправдано што партијата јасно се одлучи против соработката со АфД“, објасни Курц.

ЦДУ на Ангела Меркел во последните денови е во криза откако нејзин член во сојузната држава Тирингија заедно со АфД учествуваше во избор на челникот на таа држава.

Челничката на ЦДУ Анегрет Крамп-Каренбауер на почетокот на неделата ја најави својат оставка од претседателското место во партијата и рече дека не сака да ја наследни Меркел по завршувањето на нејзиниот мандат на крајот на 2021 година.

Таа одлука ги измеша политичките карти во Германија пред парламентарните избори предвидени за есента следната година и започна гласини за можен предвремен крај на сегашната влада на германската канцеларка.

Курц оцени дека потоа би било можно во Германија, како што се случај во Австрија, да владее коалиција на конзервативиците и еколозите.

Анкетите во Германија во моментов ја ставаат партијата ЦДУ на чело со 27 отсто од гласовите, пред Зелените кои имаат поддршка од 22 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот