Курц: ЕУ немаше ниту еден добар предлог за соочување со коронавирусот

Себастијан Курц стана татко/ Фото: EPA-EFE/MICHAEL GRUBER

Курц посочи дека нема алтернатива за мерките што ги понуди Владата и оти засега не гледа конкретни сигнали за намалување на ограничувањата.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц упати критика кон Европска унија поради начинот на борба против новиот коронавирус, истакнувајќи дека Брисел немал ниту еден добар предлог за соочување со проблемот.

– Ако Брисел имаше еден добар предлог веднаш ќе го прифатевме. Наместо тоа ЕУ ја критикуваше Австрија дека ги затвора границите. Предлозите како „Ве молам држете ги границите отворени” во ова време не може да се сметаат за сериозни, истакна Курц за австриската државна телевизија ОРФ.

Тој нагласи дека најважно е да го заштити сопственото население.

Курц посочи дека нема алтернатива за мерките што ги понуди Владата и оти засега не гледа конкретни сигнали за намалување на ограничувањата.

– Навистина се тешки времиња пред нас. Во моментот мораме да направиме се за да не не погоди бурата така силно како Италија,, наведе Курц, додавајќи оти не негира дека мерките даваат резултати, но оти се потребни поголеми напори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот