Курц денеска ги почнува коалициските преговори со Зелените

Фото: ЕПА

Мандатарот за состав на идната австриска влада, лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП) Себастијан Курц и лидерот на Зелените, Вернер Коглер ги почнуваат денеска коалициските преговори.

Курц вчера изјави дека минатата недела имал повеќе состаноци со Зелените, по што ја избрал таа партија за разговори за идна влада.

Тој истакна дека нема да биде лесно, бидејќи ставовите на двете партии се „многу, многу различни”.

Курц нагласи дека Зелените имаат цврсти ставови по прашањето за заштита на животната средина и борбата против климатските промени, каде што нема да биде лесно, како што ОВП инсистира на своите ставови по прашањето за миграција, безбедност и даночна политика.

– Доколку биде постигнат договор со Зелените ќе треба малку повеќе креативност и до некаде некој нов облик на владеење- порача Курц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот