Курц: Апсолутно погрешна е одлуката за одбивање на преговори со Северна Македонија и Албанија

Лидерот на Народната партија на Австрија Себастијан Курц ја критикуваше „западната ароганција” кон источна Европа, оценувајќи го тоа како опасен развој на настаните. Тој ја окарактеризира како „апсолутно погрешна одлуката” за одбивање почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија.

Во интервју за германскиот „Франкфуртер Алгемајне цајтунг”, Курц предупреди на опасноста од продлабочување на јазот меѓу источна и западна Европа.

– Делумно присутната западна ароганција придонесува за јакнење на негативните чувства на истокот на Европа, а последица на тоа е што населението од западна Европа на граѓаните од источниот дел гледаат од висина, појасни поранешниот австриски премиер.

Тој вели дека не ја цени политиката на „кренат прст и морална ароганција”, истовремено потенцирајќи дека ниту педа не треба да се отстапи од основните вредности, како што се владеење на право и демократија.

Прочитајте и...  Спасовски: Заштитуваме домови од активирање хипотеки за време на коронакризата (ВИДЕО)

– Тоа е основата на ЕУ. Тоа што во мигрантската криза одделни држави се обидоа на други да им ја наметнат политиката на отворени граници, сигурно ги продлабочи несогласувањата во Европа, оцени Курц.

Тој, исто така, предупреди и на проблематичното укажување дека само во источна Европа постојат „антиевропски сфаќања”. Според него, тоа е присутно и на западот.

– Меѓутоа, кога од источна Европа даваат предлог, тогаш тој автоматски се окарактеризира како нешто негативно за ЕУ, а од другата страна, секој предлог на некоја основачка членка се смета за храбро европско дејствување, критикува поранешниот канцелар.

Притоа тој го потенцираше постоењето на двоен аршин.

– Неодамна се одлучуваше за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Северна Македонија и други држави навистина вложија големи напори во спроведувањето реформи и заслужија европска перспектива. Треба да сме внимателни, за да не ги изгубиме, па тие да се свртат кон Турција, Русија и Кина. Државите кои овојпат беа „против”, сигурно не беа „антиевропски оријентирани источно-Европејци, потенцираше Курц.

Прочитајте и...  Русија одобри нов антивирусен лек „Коронавир“ за пациенти заразени со Ковид-19

Тој, воедно изрази надеж дека одлуката за неотворање преговори со Северна Македонија и Албанија ќе се смени што е можно поскоро.

Прочитај повеќе

Осум новозаболени од Ковид-19 во Куманово

Слободен печат

Белгија забрани да се патува во нашата држава поради коронавирусот

Слободен печат

Косово реагира за задолжителните тестови за косовските граѓани при влез во Македонија

МИА Агенција

Димитров: Со ВМРО-ДПМНЕ, нема да има пристапни преговори со Европската Унија (ВИДЕО)

Слободен печат

Во Велес втор ден нема регистрирано заразен со Ковид-19, еден оздравен

Слободен печат

Мисајловски: Плата од 36.000 денари за наставниците од основното и средното образование (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Мисајловски: Плата од 36.000 денари за наставниците од основното и средното образование (ВИДЕО)

Слободен печат

Најавено продолжување на протестите низ Србија

Слободен печат

Без струја утре повеќе делови на Скопје

Слободен печат

Уште еден заразен со Ковид-19 во Крива Паланка

Слободен печат

Шекеринска од Охрид: Зборот е збор, немаме време за губење, одиме напред! (ВИДЕО)

Слободен печат

Германија се соочува со пораст на активности на десничарските екстремисти

Слободен печат