Курц откри зошто се повлекува од политиката: Еден момент променил се

Себастијан Курц/ Фото EPA-EFE/FLORIAN WIESER

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц денеска потврди дека се повлекува од политиката и изјави дека моментот кога решил да го стори тоа е неодамнешното раѓање на неговиот син.

Утринава австрискиот весник „Кроне“ објави дека Курц се повлекува од политиката „поради својот син“, а неколку часа подоцна поранешниот канцелар детално објаснил што го навело да ја донесе таа одлука.

 

„Во последните десет години моето семејство беше особено запоставено. „Кога се роди мојот син, сфатив колку убави работи има надвор од политиката“, изјави Курц.

Тој призна дека како канцалар изминативе години донел многу добри но и многу погрешни одлуки

„Како федерален канцелар, треба да донесете толку многу одлуки што веќе наутро знаете дека ќе донесете некои погрешни одлуки. Секогаш сте под контрола. Донесов погрешни одлуки. Често живеев според моите стандарди. Јас не сум ниту светец, ниту криминалец. Јас сум личност со маани и слабости, со се што оди со нив. И со нетрпение го чекам денот кога на суд ќе докажам дека обвинувањата против мене се лажни“, изјави Курц.

Тој додаде дека за него последните месеци биле „одбрана од обвинувања, а не натпревар на најдобрите идеи“. Тоа е нормално во политиката, нагласи тој, но е „многу исцрпувачки“.

 

На крајот од својот говор, поранешниот австриски канцелар рече дека „беше неверојатно емотивно да се служи на својата земја“ и дека тоа е „дел од неговиот живот“. Тој му се заблагодари на својот коалициски партнер Зелените, со кои ја формираа последната австриска влада.

Својот говор го заврши велејќи дека „сега сака да оди во болница да ги земе својата девојка и синот“.

Фото: Профимедиа

Кој ќе го наследи Курц на позицијата претседател на партијата?

 

Курц до денес ја предводеше Австриската народна партија (ОВП) и нејзината парламентарна група. Тој претходно беше канцелар на Австрија, но вториот мандат го заврши со оставка на 9 октомври годинава, откако Обвинителството за економски криминал и корупција и неколку членови на владејачката Австриска народна партија покренаа истрага за проневера и корупција.

Курц на функцијата канцеларго наследи Александар Шаленберг, а засега не се знае кој ќе биде негов наследник на престедателската функција во ОВП.

„Короне“ пишува дека на таа функција би можел да дојде и министерот за внатрешни работи Карл Нечамер (49), но се споменува и министерката Каролин Едштадлер. Нехамер важи за еден од најлојалните луѓе на поранешниот канцелар, а е познат по цврстиот однос кон мигрантското прашање.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот