Купување на Интернет е новата опсесија предизвикана од глобалната пандемија

unsplash
Фото: unsplash

Веб-продавниците бележат огромно зголемување на побарувачката за модни додатоци и облека во изминатата година. Иако поголемиот дел од времето го поминуваме дома, сепак, фактот стои дека луѓето сè уште масовно купуваат, само што сега тоа го прават од удобноста на своите домови.

Велика Британија бележи силен раст во делот на продажбата преку Интернет, дури 61,4% само во декември минатата година, во споредба со истиот период од претходната година“, објави Заводот за национална статистика, пишува „Гардијан“.

unsplash

Минатиот месец, онлајн продавниците „Асос“ и „Бохо“ ги купија компаниите „Дeбeнхамс“ и „Топшоп“, зајакнувајќи го нивното лидерство на пазарот.

Овој тренд може да стане постојан и да го промени начинот на купување, односно да влијае на затворање на уште повеќе „физички продавници“..

Покрај фактот што огромен број луѓе посегнаа по купување на Интернет, дизајнерите сега прават поразлични дизајни и повеќе ги земаат предвид различните силуети и облици на тело. Модните трендови почнаа да носат волумен и акцент на широки кроеви кои гарантираат поголема удобност, без разлика дали работите од дома или во канцеларија.

unsplash

Од друга страна, проблемот кој се однесува на екологијата повторно е во пораст, односно прекумерното купување и низата можности што ни ги даваат онлајн продавниците, ја потенцираат темната страна на конзумеризмот.

Премногу облека и прекумерното купување и производство на истата влијаат на околината, и токму тоа е проблемот што неодамна станува сè поактуелен во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот