Купувале возила, ама не ги плаќале – кривични пријави за тројца измамници од Скопје

Полиција / Фото: МИА

Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево поднесе кривични пријави за сторени кривични дела „измама” против тројца сторители, и тоа против Н.И.(27), Н.А.(30) и А.А.(32), сите од Скопје.

Имено, Н.И. на 13.04.2021, свесно ја довел во заблуда оштетената С.С.Т. од Скопје, со која усно договориле купопродажба на моторно возило „БМВ 350 Д” за цена од 2.500 евра, за што пријавениот на оштетената ѝ дал 600 евра и 14.000 денари, по што го зел возилото со договор потоа да го донесе остатокот на парите, но не се вратил и не ги донел парите.

Н.А. и А.А., пак, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, на 12/11/2019 година, го довеле во заблуда Г.Р., кој на социјалната мрежа „Фејсбук” имал оглас за продажба на моторно возило „фолксваген поло”. Тие со оштетениот потпишале и кај нотар завериле купопродажен договор за предметното возило за цена од 5.000 евра, без притоа да му платат, а возилото го продале на трето лице од Охрид за цена од 4.500 евра.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот