КУПУВАЈТЕ ЗЛАТО: Неговата цена до крајот на годината ќе скокне до 1.400 долари

Фото:. EPA-EFE/FRANK RUMPENHORST

Цената на златото до крајот на годината се очекува да достигне 1.400 долари, што се должи на помалку агресивна политика на Банката на федерални резерви на каматните стапки и надолгорочна глобална несигурност, проценуваат експертите.

Цената на златото за испорака минатата недела изнесуваше 1.286,6 долари за унца, објави CNBC.

„Очекуваме дека златото ќе продолжи да се тргува во овој опсег во наредните месеци. Но, во втората половина на годината, можеме да очекуваме дека цената ќе се зголеми и ќе достигне 1400 долари до крајот на годинава“, изјави Мартин Хаксли од Сингапур.

Централните банки во светот купуваат големи залихи од овој скапоцен метал, во последните 50 години. Во контекст на диверзификација на резерви и оддалечување од некои валути, вклучувајќи го и американскиот долар, наведува CNBC.

Загриженоста за глобалната економија и геополитички прашања, вклучувајќи ја и трговска војна меѓу САД и Кина, придонесе за зголемување на неизвесноста, која често оди во нагорна линија за купување на злато. Купување на злато се смета за „безбеден рај“ или средство кое има тенденција да ја задржи или зголеми својата вредност, дури и за време на турбуленции на пазарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот