Купот на Италија за Елмас и Наполи, Јувентус падна во пенал серијата

EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го освои првиот трофеј во дресот на Наполи, Купот на Италија откако во финалето беше подобар од Јувентус и тоа по подобро изведување на пенали.

Натпреварот во регуларниот дел заврши без голови по што веднаш започна пенал рулетот каде „наполитанците“ се покажаа како подобри изведувачи на ударите од белата точка.

Јувентус преку Дибала и Данило ги промаши првите два удари од белата точка, додека Наполи беше сигурен во реализацијата и благодарение на Инсиње, Политано, Максимовиќ и Милик, успеа да дојде до шестиот трофеј во историјата.

Македонскиот репрезентативец влезе во игра во самиот финиш, во 88. минута и тоа на местото на Пјотр Зјелински.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот