Купот кај Работнички по десетти пат или првенче за Блокотехна!?

Кошаркарите на Работнички и Блокотехна денеска (17.30 ч.) во Гевгелија во меѓусебна пресметка ќе го дадат 27. победник во кошаркарскиот Куп на Македонија. Работнички игра за својот јубилеен 10. Трофеј додека Блокотхна го бара првенчето во кратката но успешна  двегодишна историја на клубот.

Работнички кој ја има улогата на фаворит, ќе се обиде да стане првиот тим кој има двоцифрен број на пехари и од Купот (9) и шампионски (15). Голем проблем пред финалната пресметка за тимот од Градски Парк ќе претставува заморот од исцрпувачкото полуфинале со МЗТ Скопје кое го реши по две продолженија.

– Кошаркарите и физички и емотивно се испразнети, и ќе биде тешко да се кренат. Но ќе мора некако да го направат тоа за дуелот со Блокотехна да биде празник на кошарката – изјави тренерот на Работнички Марин Докузовски.

Од друга страна, Блокотехна ќе се обиде да го искористи моментумот од триумфот во БИБЛ-лигата да го пренесе и на денешната средба што би бил огромен успех за тимот кој е формиран 2017 година.

– За Блокотехна ова е важен чекор, затоа што напредуваме. Во БИБЛ лигата дојдовме до титулата, а чекор понапред сме и во Купот, сега сме финалисти. Ќе ни биде тешко во финалето, но ние во многу ситуации сме велеле нема да може па сме правеле подвизи – размислува Марјан Илиевски тренерот на Блокотехна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот