„Купија“ пола милијарда евра на финансискиот пазар: Словенците издадоа еврообврзници со рок на доспевање од 60 години

Словенија денеска на меѓународниот финансиски пазар се задолжи за 500 милиони евра преку државни обврзници со рок на доспевање од 60 години што е најдолго досега, соопшти словенечкото Министерство за финансии.

– Издадени се 60-годишни обврзници во вредност од 0,5 милијарди евра, со принос до доспевање од 0,70 проценти и каматна стапка од 0,6875 проценти, што е споредливо со условите за позајмување за земји како Франција и Белгија, соопшти словенечкото Министерство за финансии.

Ова е второ издавање на државни обврзници во оваа година, откако Словенија издаде 10-годишни обврзници во вредност од 1,75 милијарди евра на почетокот на јануари, за првпат со негативна каматна стапка, а емисијата на 30-годишни обврзници ја дополни за уште 250 милиони евра.

Словенија со ова обезбеди вкупно 2,9 милијарди евра долгорочно финансирање за потребите на државниот буџет под поволни услови во оваа година, во согласност со програмата за финансирање на Владата.

Со новото задолжување, меѓу другото, се отплати веќе достасан долг и камата во износ од 1,65 милијарди евра, а дополнителни 1,95 милијарди евра долг доспеваат до крајот на оваа година, соопшти Министерството за финансии.

Според последните проценки на Министерството, јавниот долг на Словенија до крајот на годината ќе достигне 37,7 милијарди евра или 82,4 проценти од БДП, како резултат на зголемените буџетски потреби, но трошокот за каматата на тој долг ќе падне за 0,1 процентен поен, до 1, 6 проценти од БДП, што се должи на поволниот кредитен рејтинг и историски ниските каматни стапки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот