Купија 50.000 влезници, но не за стадионот на кој се игра финалето на Лига Европа

Навивачите на Ајнтрахт Франкфурт се вистински хит оваа сезона во Лига Европа/Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Навивачите на Ајнтрахт Франкфурт се вистински хит оваа сезона, кога е во прашање поддршката која им ја даваат на играчите на овој германски клуб.

Сè уште се зборува за импресивните сцени од стадионот „Камп Ноу“ каде што го окупираа каталонскиот град и ги шокираа дури и тренерот и играчите на Барселона со појавата на дури 30.000 симпатизери на трибините.

Пред финалето на Лигата на Европа, кое ќе се одигра во среда, на 18 мај, во Севиља на стадионот „Рамон Санчез Пишуан“, тие се организираа на малку поинаков начин.

Со оглед на тоа што и Ајнтрахт и Ренџерс добија „само“ по 10.000 влезници, навивачите на германскиот тим кои не се меѓу тие среќници, ќе можат да го следат натпреварот на својот стадион во Франкфурт. Сите 50.000 билети беа распродадени, а цената беше само 10 евра.

Ќе биде организирана и придружна програма, ќе присуствуваат познати гости, со цел да се следи финалето на ЛЕ, а победникот од тој меч следната сезона ќе игра во групите на Лигата на шампионите.

Исто така намерата на овој бундеслигашот е да ја добие организацијата на финалето на Лига Европа во 2026 година.

– Нашите навивачи заслужуваат да го гледаат финалето на својот стадион. Актуелните настани поврзани со клубот се одлична реклама за да ја добиеме организацијата на финалето – соопштија од германскиот клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот