Куп: Вардар за четвртфинале против Академија Пандев

фото: fkvardar.mk

Денеска со ждреб во ФФМ беа формирани осминафиналните двојки во фудбалскиот Куп на Македонија со неколку интересни натпревари.

Највозбудливо се очекува да биде на дуелот помеѓу Академија Пандев и Вардар, потоа Работнички за ривал ја доби екипата на Струга Трим Љум.

Ренова ќе се соочи со битолски Пелистер, а Шкендија ќе се обиде да се најде во четвртфиналето во пресметката против Гостивар.

1/8 финални парови во Купот на Македонија:

Академија Пандев – Вардар
Македонија Ѓ.П. – Каменица Саса
Шкендија – Гостивар
Шкупи – Кит Го
Кожуф – Силекс
Струга Трим Љум – Работнички
Брегалница – Беласица
Ренова – Пелистер

Како што е најавено натпреварите ќе се играат на 21 октомври 2020 година. 1/4 финалните пресметки на 25. ноември, полуфиналето ќе се игра на 7. април, а мечот за трофејот на 19. мај 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот