Куп: Вардар спаси пораз, реваншот во Тетово без предност!

facebook.com/fcshkendija

Денеска во дербито од осминафиналето од фудбалскиот Куп на Македонија, ремизираа екипите на Вардар и Шкендија со конечни 2:2.

Иако после првото полувреме после две грешки на Вардарци, водеше Шкендија со 2:0, во вториот дел играчите на Александар Васоски успеаја да израмнат и извлечат активен резултат.

Шкендија дојде во водство благодарение на Имери уште во осмата минута, а зголеми со прекрасниот погодок на Б. Ибраими.

Во 72 минута нововлезениот Колевски во првиот контакт со топката намали на 2:1, а осум минути подоцна по нафрлување на Тошевски со глава во противничката мрежа израмни бразилскиот интернационалец Жуниор.

Во самиот финиш од средбата Вардар пропушти и убава шанса да направи комплетен пресврт, Колевски врати една топка до Али Адем кој биеше од 10 метри, но Шкендија успеа да спаси чист погодок.

Куп на Македонија, резултати
Осминафинале, први натпревари

Вардар-Шкендија 2:2
Тиквеш-Ренова 0:2
Шкупи-Силекс 0:0
Пелистер-Работнички 1:1
Лабуништа-Охрид 2:0
Борец-Струга Трим Лум 0:0
Академија Пандев-Осогово 3:0
Брегалница Штип-Македонија ЃП 1:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот