Куп: Вардар и Работнички елиминирани, Шкендија во четвртфиналето

Енур Тотре три години ќе ги брани боите на Ворскла Полтава/Фото: facebook.com/fcshkendija/

Денеска се одиграа осминафиналните натпревари во Купот на Македонија, во дел од нив се случија неколку изненадувања, а во другите екипите ги оправдаа своите фаворитски улоги.

Вардар уште една сезона е елиминиран во раната фаза од натпреварувањето, денеска тренерот Александар Васоски им даде шанса и на помладите, во првиот дел скопските „црвено-црни“ имаа неколку шанси за погодок, а во второто полувреме поточно во 86 минута Мартинага се најде во добра можност да постигне гол, но беше блокиран.

И кога не се реализираат шансите, вообичаено стигнува казната, тоа го направи Академија Пандев во самиот финиш од средбата. Екс членот на Вардарци, Серафимов после изведе корнер беше осамен и ја смести топката во мрежата на Игески за конечни 1:0 и пласман на неговиот клуб во четвртфиналето.

И Работнички е елиминиран во осминафиналната фаза, откако во регуларните 90 минути мрежите мируваа, во пенал серијата „романтичарите“ загубија на пенали од Струга Трим Лум со 4:3.

Шкендија продолжува успешно во Купот, со голот на Тотре тетовскиот клуб успеа да триумфира над Гостивар (1:0).

Куп на Македонија

Осминафинале, резултати –

Академија Пандев-Вардар 1:0
Брегалница Штип-Беласица 0:1
Кожуф-Силекс 1:3
Македонија ЃП-Саса 6:0
Ренова-Пелистер 2:2 (6:5, пенали)
Шкендија-Гостивар 1:0
Шкупи-Кит Го 5:0
Струга Трим Лум-Работнички 0:0 (4:3, пенали)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот