Куп: Шкендија за полуфинале против Силекс, „пандевци“ со Шкупи!

фото: ФК Шкендија

Денеска беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија, пред нас се четири интересни и неизвесни дуели за пласман во наредната фаза од натпреварувањето.

Шкендија за противник го доби кратовскиот Силекс кој во претходната рунда успеа да го елиминира составот на Кожуф.

Екипата на Академија Пандев која го исфрли Вардар (1:0) за ривал ќе го има Шкупи кој моментно е на делба на прво место (со Шкендија) во првенството.

Македонија Ѓорче Петров кој нема куп трофеј од 2006 година ќе ги одмери силите со Беласица, а Ренова која нема вкусено титула од ова натпреварување од 2012 година ќе се соочи со Струга Трим Љум.

Како што е најавено, овие четвртфинални мечеви (еден натпревар) ќе се играат на 25 ноември 2020 година.

Куп на Македонија
Четвртфинале, двојки –

Академија Пандев-Шкупи
Струга Трим Љум-Ренова
Беласица-Македонија ЃП
Силекс-Шкендија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот