Куп: Шкендија во четвртфиналето против Работнички

Денеска во „Куќата на фудбалот“ беа извлечени двојките за четвртфиналната фаза од Купот на Македонија. Бранителот на трофејот во натпреварувањето, тимот на Академија Пандев ќе се соочи со Шкупи, додека актуелниот шампион Шкендија оди на пресметка со Работнички.

Помеѓу најдобрите четири екипи сигурно место ќе има еден второлигаш, бидејќи во четвртфиналето ќе се соочат Брегалница и Лабуништа, а последниот пар го сочинуваат Струга Трим Љум и Ренова.

Четвртфинални парови – Куп на Македонија

Шкендија – Работнички

Брегалница – Лабуништа

Струга Трим Љум – Ренова

Шкупи – Академија Пандев

Првите мечеви се закажани на 4. декември 2019, а реваншите на 4. март 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот