Куп на Македонија: Суперлигашите продолжија со убедливите победи

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Суперлигашите продолжија со убедливите победи во првата рунда од Купот на Македонија.

Денес победи запишаа Еурофарм Пелистер 2, Охрид и Струга со што се пласираа во следната фаза.Битолскиот состав на домашен терен беше подобар од Шампион со 41:12. Треба да се знае дека гостите во Битола пристигнаа со десет ракометари и немаа сили да парираат на расположениот тим на Александар Јовиќ. Самоил Ристовски беше најефикасниот со десет гола.

Победа од 21 гол разлика запиша и Охрид против Младост (41:20). Од самиот почеток „Гладијаторите“ наметнаа силен ритам кој Младост не можеше да го издржи. Најмногу од суперлигашите се измачи Струга која славеше со Македонија Ѓорче Петров со 41:32.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – Прво коло

РК Јехона – РК Бутел Скопје (30-53)

РК Вардар Неготино – РК Партизан 2016 Спорт (40-16)

ГРК Тиквеш 2014 – РК Кичево 2020 (46-20)

РК Јуниор К.В – РК Драчево (28-23)

РК Алкалоид – РК Астраион Хендбол (42-15)

РК Голден Арт КЛ7 – РК Овче Поле 1958 (47-13)

РК Аеродром – РК Пролет 62 (33-35)

РК Младост 1977 – ГРК Охрид (20-41)

РК Скопје 2020 – РК Бисинов Фруит Ленд

РК Радовиш – РК Преспа 2015 (34-21)

РК Вардар 1961 – РК Мулти Есенс 43-18

РК Еурофарм Пелистер – РК Текстилец 45-19

РК Струга – РК Македонија Ѓорче Петров 41-32

РК Еурофарм Пелистер 2 – РК Шампион 41-12

РК Прилеп – РК Металург РА 36-22

МРК Куманово – РК Голден Арт 2 (недела)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот