Куп на Македонија: Домаќините издоминираа, на гости се радуваше само Силекс

ФК Шкендија поради безбедносни причини мораше да го напушти стадионот „Чаир“/Фото: ФК Шкендија/Фејсбук

Денес во терминот од 14:00 часот се играа натпреварите од осминафиналето во Купот на Македонија. Средбите поминаа без поголеми изненадувања, а единствениот тим кој се радуваше на гостински терен беше Силекс во Кавадарци против Тиквеш.

Најубедлива беше Академија Пандев која го испрати Љуботен со девет гола, струмичани славеа победа од 9:0. Три гола помалку прими амбициозната Воска во Чаир кај Шкупи, актелниот шампион на Македонија забележа победа од 6:0.

Тешко помина и последнопласираниот тим во ПМФЛ, Скопје кој на гости кај Шкендија беше поразен со 5:0. Вардар го продолжи патот во купот откако денес со 4:0 ја совлада екипата на Фортуна.

Работнички се закани на лидерот во македонското првенство Струга Трим Лум, но сепак на крајот домаќинот славеше победа. Со голот на Велкоски од пенал Работнички поведе после 15 минути игра, а Струга до пресврт дојде во последните 15 минути од средбата. Головите ги постигнаа Малески и Кочоски

Како што споменавме единствениот гостински триумф го запиша Силекс против Тиквеш во Кавадарци. Со истиот резултат на домашен терен Брегалница го елиминираше Пелистер.

Куп на Македонија 1/8 финале:

Академиај Пандев – Љуботен 9:0

Брегалница – Пелистер 1:0

Шкендија – Скопје 5:0

Шкупи – Воска Спорт 6:0

Струга Трим Лум – Работнички 2:1

Тиквеш – Силекс 0:1

Вардар – Фортуна Скопје 4:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот