Куп: Гостивар ја чека Шкендија, Вардар налета на Саса
После денешната ждрепка во просториите на ФФМ беше одлучено во првото коло од фудбалскиот Куп на Македонија еден од кандидатите за трофејот Шкендија ќе игра на гостински терен против Гостивар.
Потоа, Вардар ја има фаворитската улога против Саса на гости во Македонска Каменица, Работнички се соочува со Влазрими, а се очекува интересно да биде и на пресметката Кит Го-Пелистер.
Куп на Македонија, 1/16 финале
Двојки (21 август 2019 година)
Фортуна-Силекс
Кожуф-Ренова
Саса-Вардар
Охрид-Беласица
Кравари-Лабуништа
Гостивар-Шкендија
Осогово-Победа
Кит Го-Пелистер
Црнилиште-Брегалница
Влазрими-Работнички
Љуботен-Тиквеш
Превалец-Борец
Локомотива-Струга Трим Лум
Се игра само еден натпревар и подобриот оди во 1/8 финалето. Доколку мечот заврши нерешено, веднаш се пристапува кон изведување на пенали.
Слободни во првото коло се минатогодишните финалисти, да потсетиме Академија Пандев го освои трофејот минатата сезона откако лани во Скопје славеше на пенали против Македонија Ѓорче Петров.
Истовремено во ФФМ беа одредени и двојките од првото коло во второлигашките лиги, Исток и Запад. Новата сезона официјално ќе започне на 24 август.
2МФЛ – Запад: Пелистер-Вардар Форино, Кадино-Лабуништа, Гостивар-Дрита, Охрид-Влазрими, Гостивар-Дрита.
2МФЛ – Исток: Кожуф-Тиквеш, Осогово-Питу Гули, Победа-Саса, Плачковица-Брегалница, Беласица-Кит Го.
Во продолжение распоредот на натпревари од Втора МФЛ – Исток и Втора МФЛ – Запад.
Распоред Втора МФЛ – ИСТОК 2019-2020.xls
Распоред Втора МФЛ – ЗАПАД, 2019-2020.xls