Куомо: Со легализација на марихуаната ќе се создадат 60.000 нови работни места

Гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо го претстави својот план за легализација на марихуаната за рекреативна употреба во 2021 година.

Според неговата идеја, легализацијата на марихуаната ќе создаде 60.000 нови работни места во државата Њујорк, прометот ќе биде 3,5 милијарди долари, а Њујорк годишно ќе заработува 300 милиони долари од данок, објави „Фокс бизнис”.

Во текстот се наведува дека Канцеларијата за контрола на канабис, според предлогот на Куомо, би поставила стандарди дозволувајќи употреба на ова растение на лица постари од 21 година, а ќе се посвети внимание на квалитетот, безбедноста, пакувањето, етикетите, рекламирањето и тестирањето на производите од канабис.

На тој начин Њујорк ќе се приклучи на уште 15 други американски држави во кои е дозволена марихуана за рекреативни цели.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот