Куомо: Полицијата во Њујорк не ја заврши својата работа и не ги спречи криминалните активности за време на протестот

Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендрју Куомо, изјави дека полицијата во Њујорк „не ја заврши својата работа” затоа што не успеаа да ги спречи грабежите и другите криминални активности за време на протестот за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Куомо, исто така, кажа дека демократскиот градоначалник на Њујорк, Бил де Бласио, не го разбрал обемот на протестот, за што иницијална каписла беше убиството на невооружениот Флојд за време на неговото насилно апсење во Минеаполис минатата недела.

Гувернерот рече дека полицискиот оддел во Њујорк, во кој има 38.000 полицајци, требало да распореди повеќе сили за да ги спречи грабежите и вандализмот, соопштија американските медиуми.

-Њујорк и градоначалникот не ја завршија својата работа. Мислам дека градоначалникот го потцени обемот на проблемот, додаде тој.

Демократскиот гувернер Куомо на прес конференција го критикуваше републиканскиот претседател Доналд Трамп за, како што кажа, неговиот лош одговор на протестите низ целата земја.

Куомо изјави дека Трамп ја користи својата позиција за акцентот да се стави  врз луѓето кои крадат, така што „тој не би морал да зборува за убиството на Џорџ Флојд”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот