Куомо: Најмалку хоспитализирани во Њујорк во последните шест недели

Архива

Тоа е најмала бројка на хоспитализирани уште од 27 март.

Бројот на хоспитализирани лица од Ковид-19 во Њујорк во моментов е најнизок во изминатите шест недели, затоа што сфативме како да ја  контролираме ѕверката, коронавирусот, изјави денеска гувернерот на американска сојузна држава Њујорк, Ендрју Куомо, пренесуваат британските медиуми.

Според гувернерот, бројот на хоспитализирани вчера се намали на 8.196 лица, во однос на 8.665 во минатиот четврток.

Тоа е најмала бројка на хоспитализирани уште од 27 март, дополнуваат британските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот