Куомо критикува: Не го знаеме изворот на заразата, мора да останеме затворени

Фото: EPA/Peter Foley

Гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо ги критикуваше барањата за предвремено отворање на неговата држава и рече дека знае дека луѓето се без работа, но потенцира дека потребно е подобро разбирање на коронавирусот пред да се ублажат мерките.

Додека гувернерите на околу половина од САД планираат да ги олеснат ограничувањата овој викенд, Кумо посочува дека се потребни повеќе информации за пандемијата во Њујорк – најтешко погодената држава – пред да се ублажат мерките.

  • Кога сте во неиспитани води, не одите на слепо. Користете ги информациите за да ја утврдите акцијата – не емоциите, не политиката, не она што луѓето мислат или чувствуваат, туку она што го знаеме засновано врз факти – истакна Куомо.

Инаку, топлото време вчера ги натера жителите на Њујорк масовно да излезат и да прошетаат низ парковите. Куомо изјави дека морал да и нареди на полицијата да отиде во парковите како би го регулирала одржувањето на социјална дистанца во големите гужви.

Државите Џорџија и Тексас се најдалеку во однос на олабавувањето на ограничувањата. Гувернерите на овие две и уште неколку други држави каде што тврдат дека коронавирусот е под контрола се под голем притисок на населението за да се овозможи што побрзо отворање на економијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот