Кумот на Жељко Јоксимовиќ и менаџер на половина српска естрада, Бане Обрадовиќ е заразен со коронавирус! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Еден од најпознатите српски естрадни менаџери Бане Обрадовиќ и чест гостин во нашата земја, е заразен со коронавирусот и се наоѓа на Клиничкиот центар на Србија и неговата состојба моментално е стабилна.

Се започнало со висока температура, како и јако воспаление на белите дробови, поради кој е сместен во одделението на пулмологија, а потоа тестиран и на корона вирусот.

Неговиот среден син се наоѓа на саемот во Белград и се чуствува добро додека го чека додатниот тест, а потоа своето лекување ќе го продолжи од дома.

Сопругата на Обрадовиќ, Јована и најмладиот син се чуствуваат добро и немаат никакви симптоми.

Инаку Бане е менаџер и кум на познатиот српски пејач Жељко Јоксимовиќ, а соработува и со многу познати пејачи како што се Ана Бекута, Ацо Пејовиќ, Зорица Брунцлик, Рибља Чорба и многу други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот