Кумановскиот градоначалник реагираше по одржаниот протест против аерозагадувањето
Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриeвски вели дека ја разбира загриженоста на граѓаните поради загадувањето на воздухот и посочува дека општината интензивно работи на решевање на проблемот. Оваа реакција на Димитриевски доаѓа по одржаниот протест „Куманово се гуши”.
Дел од мерките кои ги посочија од граѓанската иницијатива „Македонија се гуши”, додава, веќе се реализирани и нагласува дека секоја иницијатива и предлог за надминување на овој проблем е добредојден.
– Во денешниот протест има политика, односно присуство на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Како и да е, сите заедно треба да учествуваме во решавањето на проблемот со аерозагадувањето во нашата општина и секој од нас треба да се запраша колку придонесува за тоа, колку е разбудена свеста кај нас, за чиста животна средина, стои во реакцијата на кумановскиот градоначалник.