Кумановскиот Дом за стари лица инвестира над два милиони денари за подобрување на условите за престој на корисниците

Домoт за стари лица „Зафир Сајто” во Куманово издвои два милиони и 180 илјади денари за реконструкција на столарија, поставување нова урбана опрема и набавка на машина, информираа денеска надлежните од јавната установа.

Почна поставувањето нова столарија, замена на дотраени прозорци со нови во еден дел од зградите на објектот, со што ќе се обезбеди поголема енергетска ефикасност.

-Ја менуваме и урбаната опрема во дворот, клупите за престој во дворот, летниковци и изградба на кровна конструкција на паркингот во дворот и доуредување на дворот со бекатон подлога на површина од 80 метри квадратни, изјави директорот на установата, Дејан Стојановски.

Активностите се очекуваат да завршат до крајот на месецов.

За подобро одржување на хигиената набавена е и нова машина за чистење на подовите. За менување на урбаната опрема, поставување на бекатон, уредување на паркинг просторот, установата одвои 1,5 милиони денари, за замена на дел од столаријата 500.000 денари, а за набавка на машина за чистење 180.000 денари.

Прочитајте и...  СОЛИДАРНОСТ НА ДЕЛО: Украинска министерка ќе мине две недели во карантин со евакуираните од Вухан

Претходно, домот го надгради постоечкиот капацитет на соларен систем со што сега се обезбедуваат 2,5 тони вода за корисниците во домот.

– Преземаме повеќе активности, се реорганизираме внатрешно, со цел да ги унапредиме секојдневните активности на корисниците согласно нивните индивидуални потреби, посочи Стојановски.

Наредниот период ќе се интензивираат активностите со невладините организации, училишта, градинки, здруженија на граѓани со кои ќе се спроведат активности за исполнет и пријатен престој на корисниците на услугите.

Во моментов услугите на домот ги користат 165 лица што речиси го достигнува предвидениот капацитет од 170 лица.

Прочитај повеќе

ДИК го отфрли барањето на Чулев за решението за новиот началник на СВР Тетово

Слободен печат

Мицкоски најави проекти во енергетиката и екологијата

Слободен печат

Ѓукановиќ: Обид за отцепување на Република Српска води кон војна

Слободен печат

Изборниот штаб на ДПА ќе го раководи генералниот секретар Сали Ајдини

МИА

СНС и СПС одат одвоено на изборите во Србија

Слободен печат

Избори во Иран: Водат сојузниците на Револуционерната гарда

Слободен печат

Остави Коментар

Осумнаесет − десет =

Прочитај повеќе

Директорот на АВРМ-Струмица тврди дека Бонева законски цела година земала пари за невработено лице

Мирослава Бурнс

Иванов патува за Австралија на средби со дијаспората

Слободен печат

Затворени училишта и продавници во Италија поради коронавирусот

Слободен печат

Филипче: Воведовме шест нови лекови за пациентите со ретки болести

Слободен печат

Борисов: Прифаќањето на еврото е во корист на бизнисот и на Бугарите

Слободен печат

Златото за прв пат над 1.500 евра: Инвеститорите бараат прибежиште во скапоцените метали

Слободен печат