Кумановски пожарникари вчера гаселе пожари во две куќи

Возило на македонската пожарна/ Фото: Архива

Кумановските пожарникари вчера интервенирале на два пожари, информираа денеска од регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Вчера пожар зафатил соба во семејна куќа на улицата „Ратко Митровиќ”. Петмина пожарникари го гаселе пожарот од 12:30 до 15: 50 часот со едно возило. Причината за пожарот и материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.

Втората интервенција на пожарникарите била на опожарен оџак на семејна куќа, лоцирана на улицата „300″ во населбата „Ѓорче Петров”. Пожарот кој пријавен во 17:00 часот бил изгаснат за 40 минути со едно возило и тројца пожарникари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот