Кумановска градежна инспекторка замижала пред неправилности, доби кривична пријава

Куманово/ Фото: МИА

Градежна инспекторка од Куманово доби кривична пријава за пропуст во работењето, соопшти МВР.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Т.(56) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”. Пријавената, работејќи како службено лице – овластен градежен инспектор во Секторот за инспекциски надзор – Инспекторат при општина Куманово, при вршење на инспекциски надзор по пријава за узурпација на државен имот, пропуштила да донесе должен правен акт и несовесно постапила во вршењето на своите должности и овластувања“ се вели во полициското соопштение.

Видео на денот