Куманово се спаси од суспензија, но не и од Блокотехна

фото: МКФ

Кумановци успеаја на време да ја платат првата рата од долгот кон МКФ, поради кој претхотно со службени 20:0 загубија од Кожув, но не успеаја да се спасат од пораз од Блокотехна. Во петтото коло од Суперлигата, Блокотехна како гостин до убедливи 80:65 го совлада Куманово и дојде до третата позиција на табелата.

Куманово беше рамноправен противник само во првите 10 минути кои ги реши во своја корист со 21:17, но потоа натпреварот мина во знакот на кошаркарите на Блокотехна. Со серијата од 23:7 дојдоа до водство од 30:22 и до крајот без никакви проблеми ја одржуваа предноста.

Кенет Фунденбург со 19 поени и Божо Ѓумиќ и Брендон Пен со по 18 поени беа најрасположени за игра во победничкиот тим, додека Ѓекиќ со 21 поен беше најпрециен кај Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот