Куманово опколено со 60 диви депонии

И годинава ќе се чистат депониите во Куманово,  за што се предвидени  средства во буџетот за хигиена и зазеленување на општината, информираше градоначалникот Максим Димитриевски. На подрачјето на општината се евидентирани 60-тина „диви” депонии. И покрај редовните и вонредните акции за чистење на депониите често се случува еднаш исчистена локација за кусо време да се претвори во депонија, како што е пред населбата Перо Чичо.

Општината секоја година спроведува акција на некои локации по повеќе пати во текот на годината, а воедно и во речните корита и повторно ја имаме истата состојба, затоа што се исфрла комунален отпад, но и друг тип на градежен отпад на различни локации. Минатата година имаме издадено околу 15 прекршочни казни на такви сторители. Оваа година од тие 27 милиони денари е предвидено и чистење на дивите депонии, но дополнително општината доби средства од Светска банка односно долгорочен кредит со еден процент камата, каде што ќе обезбеди и техничка опрема три возила комбинирани багери и дополнителни три камиони што ќе се користат за оваа намена. Нашата цел е да живееме во чист и уреден град и се надевам дека доколку се подигне самата свест кај граѓаните ќе успееме заедно во тоa – изјави Димитриевски.

Граѓаните на населбата Перо Чичо се жалат дека на оваа локација постојано се создава депонија.  ЈП „Чистота и зеленило” постави контејнери, несовесни граѓани од оваа населба, но и од другите постојано исфрлаат смет во околината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот