Куманово: Четворицата новозаболени се од познати кластери

Четворицата новозаболени во Куманово од познати кластери Куманово, 6 јули 2020 (МИА) – Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира четири новозаболени лица од Ковид 19, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Еден пациент починал, оздравени се 53 пациенти. -Заболените се од познати кластери, сите се од Општина Куманово, изјави доктор Ариф Љатифи, директор на Центарот за јавно здравје Куманово. Денеска, извршени се 21 тестирање по „Мој термин” и 27 согласно епидемиолошки индикации. Од почетокот на епидемијата според податоците на Министерството за здравство на територијата на Центарот за јавно здравје Куманово, ковид дијагностицирани се 801 лице од кои во моментов активни се 194 случаи.

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира четири новозаболени лица од  Ковид 19, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Еден пациент починал, оздравени се 53 пациенти.

– Заболените се од познати кластери, сите се од Општина Куманово – изјави доктор Ариф Љатифи, директор на Центарот за јавно здравје Куманово.

Денеска, извршени се 21 тестирање по „Мој термин” и  27 согласно епидемиолошки индикации.

Од почетокот на епидемијата според податоците на Министерството за здравство на територијата на Центарот за јавно здравје Куманово, ковид дијагностицирани се 801 лице од кои во моментов активни се 194 случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот