Куманово без проблеми, Петровски како во најдобрите денови

facebook.com/akademijafmp

Во второто коло од најдобрата кошаркарска лига нема изненадувања, денеска сите извојуваа победи, откако тоа вчера го направи шампионот МЗТ и без најискусните исто бодови освоија уште Кожув, Еуро Никел и Куманово.

Во Кавадарци, Јане Петровски со седум тројки од осум обиди и девет асистенции, потсети на своите најдобри денови и беше најзаслужен за убедливата победата над Пелистер.

Младиот тим на ФМП Академија водеше на полувреме, но искуството на кумановци исплива на површина, па и во Кисела Вода немаше неизвесност.

Во победничките редови доминираа Давид Миладиновиќ со 22 поени (осум скока) и капитенот Марјан Јанески со 21 поени (11 скока, пет асистенции).

Резултати, второ коло: МЗТ Скопје Аеродром – МЗТ Скопје Уни банка 108:77, Вардар – Кожув 64:85, Еуро Никел – Пелистер 92:63, ФМП Академија – Куманово 80:93.

В недела од 18.00 часот се игра дербито Работнички – Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот