Кумановец загина во пожар

Седумдесет и деветгодишниот Бранко Јачовски починал кога пристигале пожарникарите.

Бранко Јачовски од кумановското село Пчиња починал за време на пожар во неговата куќа.

Од МВР посочуваат дека пожарот во СВР Куманово бил пријавен во 4 часот изутрината, а нивна екипа заедно со обвинител излегла на увид.

Од Територијалната противпожарна единица, информираат дека пожарот кај нив пријавен во 03.45 часот изутрината. Пожарот го гаснеле шестмина пожарникари со три возила.

– Во објектот беше пронајдено починато лице изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот