Кумановец со пиштол на појас сакал да убеди работник на бензинска да му наточи гориво

Македонска полиција/ Фото: Миа

Полицијата лишила од слобода кумановец откако бил пријавен дека на појасот има пиштол. Тој, синоќа сакал да наточи гориво, но вработениот на бензинска пумпа одбил, бидејќи не носел заштитна маска.

Од СВР Тетово информираат дека вчера (20 јули) во 20 часот, М.К.(52) од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека еден час претходно, на бензинска пумпа на преминот „Стража”, каде бил вработен, застанале патничко возило „бмв”, со кумановски регистарски ознаки и патничко возило „ауди Q7 “, со струшки регистарски ознаки, за да наполнат гориво.

Според пријавата, вработениот М.К. им рекол дека нема да ги услужи поради тоа што не носеле заштитни маски, по што едниот од нив отишол до возилото и се вратил со пиштол во појасот.

Набрзо по пријавувањето, лишен од слобода е С.А.(25) од Куманово и се работи на документирање на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот