Кумановец претепан пред очите на своето малолетно дете

тепачка
Илустрација: Тепачка / Фото: МИА

Поднесена е кривична пријава против четири лица од село Никуштак-Лупково кои истепале соселанец пред очите на својот малолетен син, информира МВР.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.С.(35), С.С.(37), Е.И.(49) и Б.С. (33) сите од с.Никуштак – Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“.

-На 15.04.2020 во с.Никуштак додека пријавените извршувале земјоделски работи, со патничко возило наишол Е.А. од село Никуштак заедно со неговиот малолетен син, кој излегол од возилото по што пријавените почнале вербална расправија со него, а потоа и физички го нападнале нанесувајќи му телесна повреда- стои во дневниот билтен на МВР.

Е.А. бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот