Кумановец со моторна пила се заканувал на шумски полицајци

Фото: Архива

Полицијата поднесе кривичнa пријавa против дваесет и седумгодишнипт М.Д.од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, соопшти МВР.

Како што соопштија од МВР, против кумановецот е поднесена кривична пријава бидејќи се заканувал со моторна пила и се обидел да удри шумски полицаец.

– На 17.07.2023 во атар на с.Герман, кривопаланечко, додека шумски полицајци вршеле контрола и констатирале неправилности при превоз на дрва, пријавениот со моторна пила им се заканил, по што со возило се обидел да удри шумски полицаец, се наведува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот