Кумановец се застрелал самиот себеси чистејќи пиштол

Фото: МВР

Жител на Куманово вчера се самоповредил со истрел од пиштолот кој го чистел, соопшти МВР.

„На 26.03.2023 во 19.24 часот во СВР Куманово било пријавено дека С.Ц.(48) од Куманово во својот дом во с.Тромеѓа, кумановско, чистејќи го својот пиштол, испукал куршум со кој се повредил, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување лекарска помош“, велат од полицијата.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот