Кумановец нападнат од две лица

тепачка
Илустрација: Тепачка / Фото: МИА

Триесетгодишен кумановец пријавил во полиција дека во центарот на градот бил физички нападнат од две лица, соопшти денеска СВР Куманово.

– Вчера во 19.35 часот во СВР Куманово, В.Б. (30) од Куманово пријавил дека на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово бил физички нападнат од А.Н. и уште едно лице, соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Извор: МИА

Видео на денот