Кумановец крадел што ќе стигнел

Полициски службеници од СВР Куманово, синоќа во 22:00 часот го лишиле од слобода Д.Р.(20) од Куманово.

Како што информираат од МВР, тој се сомничи дека одзел повеќе предмети од објект во изградба на улицата „Питу Гули” Куманово и во продажен објект на булеварот „Октомвриска Револуција” во Куманово.

Д.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот