Кумановец извршил полов напад врз ќерка си, снимал со телефон и објавил на социјални мрежи

Фото: Profimedia

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 39-годишен кумановец, поради постоење на основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 став 1 и Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 3 во врска со став 1  во врска со став 45 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот во својот дом во Куманово, во повеќе наврати во временскиот период од мај до јуни 2021 година, извршил друго полово дејствие врз дете, негова ќерка. Притоа ги снимал дејствијата со мобилен телефон, ги дистрибуирал направените видеа преку социјална мрежа и ги направил достапни на повеќе лица.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, а поради опасност од бегство и повторување на кривичното дело, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Куманово достави Предлог за определување на мерката притвор за осомниченот. Предлогот на обвинителството е прифатен и со Решение на Судот на осомниченото лице му е определен притвор во траење од 30 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот