Српскиот град Врање кое е оддалечено околу шеесет километри од Куманово и помалку од сто од Скопје за време на вчерашниот ден до затворање на кафулињата и рестораните во 20 часот бил под права „опсада“ од македонските граѓани.
Туристичките агенции по цена од 350 денари нудеа автобуски превоз од Куманово до Врање и назад.
Понудата не вклучувала никака туристичка обиколка, но повеќе од околу 300 Македонци го искористија вчерашниот излет во Врање за посета на угостителските објекти и кафулиња во Врање, а „епицентарот“ на излетот било пазарењето во неодамна отворениот маркет „Лидл“ каде целиот ден имало огромна гужва.
Гужви за време на целиот ден биле забележани и во локалниот пазар и бутици.
Извор: Данас.рс