Кумановци одржале прослава во двор и упатувале закани кон полициските службеници

Полиција / Фото: МИА

Двајца кумановци на возраст од 32 и 46 години добија кривични пријави поради забава во двор.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.П.(32) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и против З.Г.(46) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие”. На 18.05.2021 околу 23.00 часот во дворно место на Д.П. била одржана семејна прослава каде биле затекнати околу 15 лица, што било спротивно на одлуките на Владата за спречување на ширењето на ковид 19. Притоа, З.Г. одбил да се легитимира, упатувал закани кон полициските службеници и ги попречувал во вршење службени дејствија, појаснуваат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот