Кумановци добија шест месеци бесплатен јавен превоз

Куманово/ Архива на СП

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски синоќа соопшти дека во првите шест месеци од следната година, граѓаните на Куманово бесплатно ќе го користат јавниот превоз во градот.

Ваквата одлука вчера тој ја соопшти на неговиот „Фејсбук“ профил, каде напиша дека со неа граѓаните „ќе добијат прилика да заштедат пари од семејниот буџет во време на економска и енергетска криза“.

Според него, ова ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж во центарот на градот и намалување на загадувањето.

„Советот на Општина Куманово го прифати мојот предлог и едногласно донесе одлука, за субвенционирање на јавен линиски превоз во наредните шест месеци со тенденција да продолжи и во иднина. Дополнително, ќе се стремиме да се унапреди нивото на услуга во јавниот линиски превоз во Куманово и да стимулираме што е можно повеќе граѓани да користат јавен превоз за сопствените потреби“, пишува Димитриевски на Фејсбук.

Од утре веќе нема бесплатен превоз во Скопје, загадувањето се намалило

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот