Куман: Иако останавме без Меси, со нетрпение ја очекуваме сезоната

Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Фудбалерите на Барселона останаа без најдобриот играч пред сезоната 2021/2022, а тренерот на тимот, Роналд Куман, изјави дека клубот, и покрај заминувањето на Лионел Меси, ќе има што да им понуди на своите навивачи.

– Факт е дека Меси го нема, но ние со нетрпение ја очекуваме следната сезона – возбудени сме за нејзиниот почеток.

Со тимот кој го имаме, засилувањата кои ги донесовме и младите играчи кои напредуваат, секогаш има иднина за овој голем клуб – рече Куман.

Барселона ја заврши претходната сезона на третото место зад мадридските ривали, Атлетико и Реал.

Во текот на вчерашниот ден Барса одигра пријателски меч против Јувентус славејќи со 3:0.

Меси се прости од Барселона: Не замислував ваков крај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот