Куман и следната сезона ќе седи на клупата на Барселона

Куман имаше интервју за холандските медиуми кои предизвика лавина реакции/Фото: EPA-EFE/Alberto Estevez

Роналд Куман и во наредната сезона ќе биде тренер на Барселона, е одлучено по неговата денешна средба со претседателот Жоан Лапорта.
Куман го прескокна вечерниот тренинг на првиот тим за да оди на состанок со новиот претседател Лапорта, на која се зборуваше за судбината на Холанѓанецот но и за плановите за наредната сезона.
Лапорта му дал гаранции на Куман неговата позиција е сигурна без разлика на резултатот, односно дали ќе успее да го стигне Атлетико Мадрид и да ја освои тиутлата во Ла Лига.
Речиси од почетокот на годинава се зборува за смена на Холанѓанецот, а дел од медиумите го видоа младиот тренер Јулијан Нагелсман од Лајпциг како негов наследник. Сето тоа време, Куман ги држеше работите под контрола, сите напади ги издржа машки и целата одговорност ја преземаше на себе со што го стекна респектот кај фудбалерите.
Фудбалерите за тоа му вратија со одлични игри на теренот, Барселона во последните 13 кола во Ла Лига има 12 победи и само едно реми, што беше доволно за Лапорта да му вети дека и наредната сезона ќе седи на клубот.

Како Куман ја смени играта на Барселона која гази се пред себе во Ла Лига

Лапорта исто така не би му дал поддршка на Куман доколку и Лионел Меси јавно не изјави дека Холанѓанецот го заслужува сиот респект. Таквиот став на Меси за многумина е сигнал дека Барселона со добар тренер како Куман и млади и екстраталентирани играи како Фати, Педри, планира да остане на „Камп Ноу“.

Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Втората точка од разговорот на Куман со Лапорта биле засилувањата, но и барањето на тренерот да има важна улога во трансфер политиката на клубот.
Куман инсистира на ангжман на Вајналдум и Депај кои треба да пристигнат како слободни играчи, додека Лапорта го сака и Агуеро како адут за Меси да потпише нов договор, додека за останатите имиња двајцата треба да се договараат.
Со денешниот развој на настаните, Роналд Куман доби ветер во грбот пред клучниот дел од сезоната и слободно може да се посвети на напад на титулата во Ла Лига но и во Кралскиот Куп каде ќе игра во финалето. Во Ла Лига, Барселона е втора на табелата со 62 бода, четири помалку од Атлетико Мадрид, но меѓусебниот дуел ќе се игра на „Камп Ноу“на 10. мај, така што каталонците се наоѓаат во добра позиција да дојдат до титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот