Куман го враќа Меси на вистинската позиција

epa08604377 Lionel Messi of Barcelona in action during the UEFA Champions League quarter final match between Barcelona and Bayern Munich in Lisbon, Portugal, 14 August 2020. EPA-EFE/Rafael Marchante / POOL

Новиот тренер на Барселона веќе ја подготви формацијата со која ќе игра во новата сезона, а со која Лионел Меси конечно ќе се врати на идеаната позиција за него.

Роналд Куман се одлучи да ја прифати најтешката задача во фудбалот, да биде тренер на Барселона кога во клубот владее вистински хаос.

Меси конечно проговори за својата иднина: Останувам во Барселона

Состојбите се смирија со одлуката на првата ѕвезда, Лионел Меси, да го испочитува договорот да остане во Барселона и наредната сезона, а вчера го имаше првиот тренинг со соиграчите под водство на Куман.

Меси се врати на тренинзите на Барселона (ВИДЕО)

Холанѓанецот е свесен дека ја има најтешката задача, но во исто време има план, ја зголеми дисциплината во екипата, го продолжи времето на траење на тренинзите и го зголеми интензитетот со што почна да ги подготвува тактичките замисли за наредната сезона.
Тоа што е најважно, Куман ќе игра во формација 4-2-3-1 која е идеална за Лионел Меси.

Роналд Куман на тренинг/twitter/FC Barcelona

Аргентинецот конечно ќе игра како вистинска „десетката“ и ќе има слобода на движење и намалена „километража“. Роналд Куман сака екипата да има побрза транзиција, добро движење на топката и конкретни напади што и спротивност на на фудбалот кој во последните три години го форсираа Ернесто Валверде и Кике Сетиен.

Куман нема да ја менува одбраната, на голот е неприкосновениот Марк Андре тер Штеген, а последната линија пред него ќе ја сочинуваат Нелсон Семедо, Клемен Ленгле, Жорди Алба и Жерар Пике.

Пред нив ќе бидат Френки де Јонг и Мирален Пјаниќ на кои Куман сака да го придодаде и Вајналдум, а тоа значи дека Серхио Бускетс ќе се пресели на клупата.

Во офанзивниот дел од формацијата, Меси ќе има слобода во играта, а на крилните позиции предност најверојатно ќе добијат Осман Дембеле по десната и Ансу Фати по левата страна. Филип Кутињо и новото засилување тринкао ќе бидат нивни алтернативи. Антоан Гризман ќе ја добие улогата на наследник на Луис Суарез и ќе игра како напаѓач.

Комплетното интервју на Меси: Несреќен сум но останувам, оваа управа на Барселона е катастрофа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот