Куман го сака Салах во Барселона, клучот за трансферот е Дембеле

Дали Мадрид е следната станица во кариерата на Салах/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Барселона вчера го одигра првиот контролен натпревар пред да ги започне настапите во новата сезона, лесно со 3:1 го совлада Химнастик, а играта на каталонскиот клуб беше под лупа на медиумите и фановите поради новиот тренер Роналд Куман и неговите тактички замисли.

Во составот на Барселона се најде и Лионел Меси по одлуката да остане на „Камп Ноу“ уште една сезона, но со својата игра воодушеви младиот Тринкао кој дојде од Брага.

Иако на хартија Барселона има тим за највисоки дострели, и тренерот Куман и управата најавуваат мегатрансфер до крајот на преодниот рок кој ќе трае до 5. октомри.

Иако сите очекуваат тоа да биде Лаутаро Мартинез од Интер, од Холандија доаѓа сензационална вест – Роналд Куман ќе се обиде на „Камп Ноу“ да го донесе фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах.

Оваа вест ја објави поранешниот холандски фудбалер, Шак Сварт, кој е рекордер по бројот на настапи за Ајакс. Тој открива дека Куман е силно заинтересиран за Мохамед Салах.

– Сугурно знам дека Куман го сака Салах, а исто така и Мохамед е заинтересиран да се пресели на „Камп Ноу“ – изјави Сварт во разговорот за ДАЗН.

По оваа сензационална вест, во акција да откри повеќе детали тргна каталонскиот „Мундо Депортиво“ кој смета дека Куман ќе се обиде преку размена да дојде до Салах.

Клучот за доаѓањето на одличниот египетски репрезентативец го држи Осман Дембеле, кој треба да биде испратен на „Енфилд“ заедно со одредена сума на пари. Засега нема никаква реакција од англискиот шампион или медиумите од Островот на ваквото тврдење на „Мундо Депортиво“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот